22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗИ 2,1 милиoни возила на Audi имаат софтвер за мамење на еко-тест

И 2,1 милиoни возила на Audi имаат софтвер за мамење на еко-тест

audi-a4-tdi-engine

Германскиот производител на возила „Audi“ објави денес дека 2,1 милиони негови возила ширум светот се опремени со истиот софтвер со кој ѝ овозможувал на неговата матична компанија „Volkswagen“ (VW) да мами на американските тестови за емисија на штетните материи.

Околу 1,42 милиони возила со т.н. EURO 5 мотори на „Audi“ имаат вградено таков софтвер во западна Европа, од што 577.000 во Германија. Во САД такви возила има околу 13.000, соопшти портпаролот на компанијата. Станува збор за моделите возила A1, A3, A4, A5, A6, TT, Q3 и Q5, прецизираше.

Од „Volkswagen“ минатата седмица признаа дека околу 11 милиони возила со дизел мотори ширум светот се опремени со уредот кој овозможува давање поинакви податоци при еколошките тестирања, по што извршниот директор на концернот Мартин Винтеркорн понуди оставка.

Во петокот вечерта, непосредно пред именувањето на новиот челник на концернот, досегашниот прв човек на „Porsche“, Матијас Милер, беше објавени списокот со околу пет милиони возила со моторот од типот ЕА 189 кои се опремени со проблематичниот софтвер.

Американската агенција за заштита на природната средина (EPA) му нареди на „Volkswagen“ да ги отстрани недостатоците, а германската компанија ја запре продажбата на сите возила на дизел погон во САД за време на истрагата којашто може да резултира со казна во висина од 18 милијарди долари, што е повеќе од севкупната минатогодишна оперативна добивка на компанијата.

Германското обвинителство објави дека покренало истрага против Винтеркорн поради обвиненијата за „измама при продажба на возила поради манипулација со податоци за штетни емисии“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП