20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе изгледа малиот кросовер на Toyotа? (фото)

Како ќе изгледа малиот кросовер на Toyotа? (фото)

c-hr toy

На франкфуртскиот саем за автомобили вниманието на посетителите го привлече концептот „C-HR“. „Toyota“ најави дека идниот сериски кросовер, заснован на овој концепт, ќе претставува пресвртница во дизајнот на нивните возила.

Првиот човек на јапонскиот производител, Акио Тојода, вети во Франкфурт дека нивните нови автомобили ќе имаат „забавен изглед“, отколку досега.

„Toyota“ има намера да исчекори надвор од стилските граници со кои се граничат актуелните модели, а увид во идниот дизајн е најавен со концептот „C-HR“.

c-hr toy1

Главниот инженер, Хиро Коба, најави дека во случајот со идниот мал кросовер на оваа компанија, „функцијат ќе ја следи формата на возилото“, а не обратно.

„На пазарот е присутен голем број на модели во овој сегмент. „Toyota“ задоцни и поради тоа нашиот модел мора да се разликува од конкуренцијата“, објаснува Коба.

„На купувачите на овој вид возила многу им е важен дизајнот. Тие сакаат нивниот автомобил да ја репрезентира нивната индивидуалност. Повеќето се возат сами или со уште еден сопатник, така да немаат премногу багаж. Затоа одлучивме наместо комфор на задните седишта да им понудиме голем багажник и добра прегледност позади, стил каков што го сакаат“, додава инженерот.

c-hr toy2

Иако „Toyota“ најавува револуција во дизајнот, сериската верзија на новиот кросовер секако нема да биде идентична со концептот „C-HR“.

Сепак, изјавата на главниот инженер е охрабрувачка и сугерира дека за разлика од повеќето концептни возила кој во производниот процес влегуваат со целосно променет изглед, продукцискиот „C-HR“ многу ќе наликува на дизајнерската студија од Франкфурт.

c-hr toy3

„Доколку тоа не го сториме, нема да допреме до купувачите кои сакаме да ги привлечеме“, заклучува Хиро Коба.

Што се однесува до моторот, „Toyota“ одлучи сериската верзија, како и концептот, да добие хибриден погонски систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП