17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony се откажува од наследникот на конзолата PlayStation Vita

Sony се откажува од наследникот на конзолата PlayStation Vita

psv konzola

„Sony“ во скоро време нема да претстави наследник на конзолата „PlayStation Vita“, затоа што претседателот на „SCE Worldwide Studios“, Шухеи Јошида не верува дека постои простор за уште една конзола на пазарот.

Причината за сето ова, а како главен виновник се посочува популарноста на гејмингот на смартфоните.

„Тоа е тешко прашање. Луѓето денеска имаат мобилни телефони и лесно играат игри на нив“, вели  Јошида.

„Многу од игрите за смартфоните се бесплатни или не треба да се плати за нив на почетокот“, додава тој, запрашан за можноста за претставување на конзолата „Vita 2“ на „EGX 2015“ конференцијата.

Во последно време „Sony“ го намали нивото на инвестиции во проектот „PlayStation Vita“, а големите наслови за оваа платформа немаат развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП