ТЕХНОЛОГИЈА

Познати се препорачаните спецификации за Windows 10 таблетите

absi 22

„Microsoft“ ги објави официјалните, препорачани спецификации за „Windows“ таблетите кои ќе работат на „Windows 10 Mobile“ и „Windows 10“ оперативните системи.

Веднаш на почетокот треба да се напомене дека „Microsoft“ сите таблети ги подели во три групи – мала, средна и голема.

Внатре во малата група се наоѓаат таблети со дијагонала од 7-инчи, во средната се таблети со дијагонала од 8-инчи, а во големата се сите останати.

Малите 7-инчни таблети работат на „Windows 10 Mobile OS“, додека сите останати го користат „Windows 10“.

Што се однесува до хардверот, „Microsoft“ зa 7-инчните и 8-инчните таблети препорачува помеѓу 1 и 2 GB RAM, помеѓу 8 и 32 GB интерна меморија, како и максимален екран со „HD“ резолуција. Таблетите од големата група би требало да имаат минимално 4 GB RAM и минимално 32 GB просотор за чување на податоци.

Таблетите со 8-инчни екрани не би требало да имаат помала резолуција од 720p па нагоре. Нормално таблетите со 10,1-инчни екрани и поголемите не би требало да имаат резолуција помала од 1.920 x 1.080 пиксели. Другите спецификации кои ги препорачува „Microsoft“ можете да ги погледнете во прилогот.

absi