6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГлавните недостатоци на новиот iPhone 6S

Главните недостатоци на новиот iPhone 6S

nedostatoci

Од вчера во продажба е најновиот „iPhone“ на „Apple“, со цел да се меѓу првите купувачи на новиот уред, најупорните неколку денови кампуваа пред продавниците на овој гигант.

И додека ентузијазмот кај корисниците е поради извонредните вредности, а стручњаците прогнозираат нови рекорди во историјата на продажбата на смартфонот, некои експерти не се воздржат од критики.

Еве ги главните недостатоци на новиот iPhone – според весникот „International Business Times“:

Животот на батеријата.

nedostatoci1

Значително подобрување се забележува во однос на процесорот и дисплејот, кој е првиот чувствителен на притисок. Сепак, „Apple“ не презема чекори за подобрување на животот на батеријата во однос на претходниот модел. Батеријата на 4.7-инчниот модел „6S“ издржува до ден при нормално оптоварување, време за работа, со што се одликуваат и претходните неколку генерации од популарниот смартфон.

Внатрешната меморија кај основниот модел е крајно недоволна.

nedostatoci2

Од „Apple“ не ја променија практиката да претстават основен модел со 16 GB внатрешна меморија. Тоа е крајно недоволно за современите корисници кои постојано снимаат клипови и ги чуваат фотографиите на смартфонот. Меморијата се исполнува уште побрзо при користење на новата функција „Live Photos“ која снима кадри секунда пред и по сликата за кратко видеоклипче кон сликите. Тоа зафаќа два пати повеќе меморија од нормалната слика и може брзо да го исцрпи расположливиот простор.

Подобрувањето на камерата не е особено забележливо.

nedostatoci3

По неколку години, во кои од „Apple“ се придржуваа до својата 8 мегапикселна камера, сега одлучија да го зголемат бројот на мегапиксели до 12. Според Дејвид Пог од „Yahoo Tech“ сепак, тоа не води до значително зголемување во квалитетот на сликите во однос на претходниот модел кој се истакнуваше со една од најдобрите камери на пазарот.

Мазната задна страна.

nedostatoci4

Од „Apple“ го задржуваат без промена грбот на смартфонот, кој во комбинација со заоблените краишта, може да се покаже како доста лизгав. Ова се наведува како еден од ретките негативи во однос на дизајнот на новиот уред.

Некои нови функционалности бараат многу ресурси

Можноста за снимање на видео во формат „4К“ беше поздравен од страна на корисниците, но тоа исто така води до дисквалификација на многу слободен ресурс. Оваа можност станува крајно ограничена за корисниците кои го сакале основниот модел со 16 GB внатрешна меморија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП