3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi наскоро ќе претстави „ултрабук“

Xiaomi наскоро ќе претстави „ултрабук“

buk xiaomi

Само за пет години „Xiaomi“ стана еден од најголемите кинески производители на смартфони. До денес вредноста на приватната компанија изнесува околу 45 милијарди долари.

Компанијата продава смартфони со оперативен систем „Android“ и со добри технички спецификации со ниски цени, а моделот и е заснован на онлајн продажба и намалување на трошоците. Многу од експертите го одредуваат „Xiaomi“ како „кинескиот Apple“, ако се земе во предвид брзиот развој.

„Xiaomi“ е на пат да отвори нова страница според моделот на „Apple“, така што ќе почне да произведува евтини лаптопи, или поконкретно преносни компјутери, кои се очекува повторно многу да личат на оние на американскиот гигант. Следејќи го патот на „Apple“ за изградба на еден екосистем на производи за лојалните корисници, компанијата е на пат да предложи преносни компјутери во првото или второто тримесечје од наредната година.

Со задача да развијат лаптопот е задолжена тајванската компанија „Inventec“, која го потврдила развојот на уредот. Во моментов „Xiaomi“ оперира во земји како Кина, Индија и Бразил, а се уште е со ограничено присуство на американскиот пазар и на пазарите во Европа.

Иако има ограничено присуство во оваа фаза, сепак, таа успеала да продаде 100 милиони смартфони во изминатата година.

Во однос на „ултрабукот“, очекувањата на експертите се тој да е со процесорот на „Intel“ – „Core i7“, и графичка картичка „GeForce GTX 760M“. Екранот на лаптопот се очекува да е 15,6 инчи, а резолуцијата од 1920×1080 пиксели. Оперативната меморија на уредот најверојатно ќе е 8 GB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП