19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVW oбјави список со пет милиони возила со проблематичниот софтвер

VW oбјави список со пет милиони возила со проблематичниот софтвер

volksw 33

Производителот на автомобили „Volkswagen“ (VW) го објави списокот со автомобили со неисправен софтвер, и во него има пет милиони возила, соопшти новиот челник на германскиот гигант, Матијас Милер на прес-конференцијата во Волфсбург.

Претходно во „Volkswagen“ признаа дека во САД околу 482 илјади автомобили биле опремени со софистициран софтвер кој ја исклучува контролата за загадување на воздухот во возење и ја вклучува само на еко-тест.

Како што пренесува агенцијата DPA, Милер појасни дека проблемот е откриени во различни модели возила произведени во различни години. На пример, вградениот софтвер, кој ги намалува реалните показатели на емисијата на штетни материи, бил откриен во автомобилите „Golf“ од шестата генерација, „Passat“ т.н. седумка и првата верзија на „Tiguan“.

„Напорно работиме на техничкото решение, коишто ќе им го претставиме на нашите трговски партнери, клиенти и јавноста што е можно поскоро“, изјави претседателот на управниот одбор на „Volkswagen“, Херберт Дис.

Според него, скандалот нема да ги допре новите автомобили на „Volkswagen“, кои соодветствуваат со стандардите кои се применуваат во Европа. Кон нив ќе се приклучат и современите модели на марките „Golf“, „Passat“ и „Touran“.

Од „Volkswagen“ ги информирале локалните пазари во целиот свет за моменталниот, до петокот, број неисправни возила. На мерките за отстранување на неправилностите, концернот тесно ќе соработува со инспекциите за давање одобрувања за експлоатација на возилата, додаде Дис. Информацијата за тоа каде биле продадени автомобилите, Дис на ја даде на прес-конференцијата.

Во меѓувреме, „Volkswagen“ ја сопре рекламата за „чисти мотори“ во САД, до отстранувањето на сите проблеми, пренесе агенцијата Reuters.

Во САД „Volkswagen“ е обвинет дека во опремувањето своите автомобили со дизел мотори вградил софтвер кој ги намалува реалните показатели за емисијата на штетните материи во атмосферата. Американската влада го задолжи концернот да повлече 482.000 автомобили од брендовите „Volkswagen“ и „Audi“ продадени во оваа земја во периодот од 2009 до 2015 година. Компанијата, исто така, може да се соочи и со казна во висина од 18 милијарди долари.

Како што беше соопштено порано во соопштението на „Volkswagen“, софистицираниот софтвер за фалсификувањето на еколошките тестови за содржината на штетните материи во издувните гасови се однесуваат на 11 милиони возила во целиот свет. Во споменатиот список, се опфатени автомобилите со моторот од типот ЕА 189.

Претходно во петокот „Volkswagen“ избра нов директор, досегашниот челник на „Porsche“, Матијас Милер, кој вети расветлување на аферата со измамата со дизел моторите и најави закрепнување на целосно протресената компанија.

Како што се претпоставуваше, дваесетте членови на надзорниот одбор собрани во Волфсбург, во седиштето на „Volkswagen“, го именуваа 62-годишниот Милер, кој на челната позиција во „Porsche“ дојде во 2010 година, за наследник на Мартин Винтеркорн.

По повеќечасовниот состанок, претседателот на надзорниот одбор Беттолд Хубер аферата ја нарече „морална и политичка неволја“ на компанијата, првиот светски производител на автомобили со 590 илјади вработени.

„Меѓутоа, ние можеме и ние ќе ја пребродиме оваа криза, и од Volkswagen ќе направиме уште посилна компанија“, вети Милер.

Во средата извршниот директор на „Volkswagen“, Мартин Винтеркорн, кој на челната функција беше од 2007 година, поднесе оставка поради скандалот околу фалсификуваните тестови за издувните гасови на дизел моторите. Тој целосно ја презема одговорноста за скандалот кој пред една седмица избувна во САД и покрена лавина којашто го зафати целиот автомобилски сектор во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП