16 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗВо март пристигнува новата генерација на Panamera

Во март пристигнува новата генерација на Panamera

panamerica 33

Втората генерација на моделот „Porsche Panamera“ ќе има светска премиера на саемот за автомобили во Женева, на почетокот на март 2016-та, изјави првиот човек на германскиот производител, Матијас Милер.

Милер не објави повеќе детали, но со оглед на датумот на премиерата, се очекува дека автомобилот во продажните салони ќе пристигне во втората половина од 2016-та година.

Првата генерација, која е претставена во 2009-та, и донесе нови купувачи на компанијата „Porsche“ и влијаеше во растот на продажбата на возила на овој бренд.

Од „Porsche“ веќе најавија дека нема да има драматични стилски промени во однос на актуелниот модел, што во принцип е и манир на овој производител.

Автомобилот ќе биде поставен на новата „MSB“ механичка платформа и се претпоставува дека ќе биде полесен и до 90 kg во однос на претходникот, благодарејќи на комбинацијата на алуминиум и челик со голема цврстина.

Во понудата ќе се најдат новите „V6“ и „V8“ мотори на „Porsche“, како и моделот „Panamera S E-Hybrid“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП