22 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот Galaxy S7 излегува на пазарот пред февруари?

Новиот Galaxy S7 излегува на пазарот пред февруари?

no samsi

Новиот премиум модел на „Samsung“ – „Galaxy S7“, може да се појави два месеци порано од предвиденото, покажуваат потатоците објавени во интернет просторот.

Очекувањата се моделот да биде претставен во јануари, а корисниците да имаат пристап до него само еден месец подоцна. Претходните две верзии на моделот од серијата „S“ – „Galaxy S5“ и „Galaxy S6“, беа претставени за време на технолошкиот саем во Барселона, што се одржува кон крајот на февруари. И двата уреди беа достапни за купувачите од април.

Пораната презентација на фаблетот „Samsung Galaxy Note 5“, исто така може да укажува за поместување на дебито на моделот „S7“, сметаат пазарните експерти.

Според гласините, новиот „Samsung Galaxy S7“ може да е со процесор „Snapdragon 820“ или „Exynos M1/​​8890, во зависност од пазарот.

Имаше шпекулации дека новиот смартфон ќе биде претставен во неколку варијанти – стандардна, фаблетна и верзија со заоблени краеви што не е изненадување со оглед на верзијата кај моделот „Galaxy S6“.

Смислата за поместување на презентација е јасна, а таа е да се ​​скрати растојанието со моделот на „Apple“ – „iPhone 6S“, чија продажба почнува од денеска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП