19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМотоцикл на Mercedes-AMG и MV Agusta (фото+видео)

Мотоцикл на Mercedes-AMG и MV Agusta (фото+видео)

agusta amg

Малку настрана од автомобилските премиери на саемот во Франкфурт остана единствениот мотор на „Mercedes-AMG“ и „MV Agusta“.

agusta amg1

Тој исто така беше презентиран под рефлекторите на германската изложба, како дел од партнерството меѓу двете компании.

agusta amg2

Моделот е како олицетворение на моќ и страст, па е создаден мотоцикл во склад со најновите спортски автомобил на германскиот производител на автомобили – „Mercedes-AMG GT S“. Тој е базиран на моделот „MV Agusta F3 800“ и се одликува со заситена жолта боја, кожни седишта со светло жолти рабови, уникатни бандажи и амблеми „AMG“.

Погонот на машината е доверен на мотор со три цилиндри и зафатнина од 798 кубика, кој развива 148 КС и 88 Нм. Со овој агрегат моторот развива максимална брзина од 269 км/час.

agusta amg6

Во моментов не е познато дали произведениот еден единствен примерок од мотоциклот ќе биде понуден на пазарот. Од компаниите сепак најавија дека партнерството ќе продолжи и по автосаемот во Франкфурт.

agusta amg4

agusta amg8

agusta amg7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП