16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Nike пораснала за 23 отсто

Добивката на Nike пораснала за 23 отсто

nike 3399

„Nike“ во изминатото тромесечје оствари чиста добивка од 1,18 милијарди долари, 23 отсто повеќе од истиот период лани, што е веќе деветти квартал по ред како најголемиот светски производител на спортска опрема остварува подобри резултати од очекуваното.

Според извештајот објавен во четврток, приходите на „Nike“ пораснале во фискалното тромесечје, завршено со крајот на август, за 5,4 отсто во однос на истиот период лани, на 8,4 милијарди долари.

Приходите во Северна Америка, инаку најголемиот пазар на „Nike“, пораснале за 8 отсто, што е најмногу благодарение на силниот девет отстотен раст на продажба на патики, што е најголем извор на приходи на „Nike“.

Растот на приходите на „Nike“ е благодарение на новите модели на патики за кошарка и трчање, што ги привлекле купувачите без оглед на тоа што производите се продаваат по повисоки цени.

„Nike“, исто така, објави дека новите нарачки за неговите производи во следниот период од септември до јануари следната година во светот пораснале за 17 отсто, повеќе од очекувањата на аналитичарите од околу 10 отсто.

На „Nike“ не му наштети ниту слабеењето на кинеската економија, па нарачките во Кина скокнале за 27 отсто.

„Инвестициите во иновации на производите и собирањето на повратни информации за спортските активности на клиентите исто така придонесоа за напредокот на „Nike“ во однос на конкуренцијата“, вели Брајан Јарбруг, аналитичар во компанијата „Edward Jones“, кој смета дека резултатите на „Nike“ се импресивни.

По објавата на бизнис извештајот, цените на акциите на „Nike“ пораснаа во четврток на Волстрит повеќе од седум отсто, па во однос на почетокот на годината се во добивка повеќе од 25 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП