Американскиот производител на градежна и рударска опрема „Caterpillar“ соопшти дека би можел да укине до 10.000 работни места до 2018 година.
Овој потег би следел по најавеното реструктуирање на бизнисот или остварувањето на заштеда во висина од 1,5 милијарди долари годишно.
„Caterpillar“ порача дека во 2016 година ќе укине меѓу 4.000 и 5.000 работни места, а најголемиот број во 2015 година, известува агенцијата Ројтерс, додавајќи дека „Caterpillar“ од 31 декември минатата година имал 114,233 вработени.
Компанијата, исто така, соопшти дека во оваа година очекува приход од околу 48 милијарди долари, што е за една милијарда долари помалку во однос на преходната прогноза, додека за наредната година прогнозира пад на приходите од 5,0 проценти.
„Caterpillar“ е соочен со предизвикувачките пазарни услови во клучните региони и индустриски сектори, а особено во рударството и енергетиката“, се наведува во соопштението на генералниот директор на компанијата, Даг Оберхелман.