18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМатијас Милер нов шеф на ,,Volkswagen”

Матијас Милер нов шеф на ,,Volkswagen”

mm

Надзорниот одбор на ,,Volkswagen” за нов шеф на компанијата го именуваше Матијас Милер(61), досегашниот шеф на ,,Porsche”, објавија германските медиуми.

Милер е роден во Звикау и познаниците го опишуваат како прав ,,car guy”, фасциниран од автомобилите како што бил првиот работен ден во Ауди, каде ја започна кариерата.

Изгради одлична кариера во ,,Audi”, “VW” и ,,Porsche”, и кој е бескрајно лојален на компанијата, па затоа е избран да ја прифати одговорноста во овие тешки моменти.

Ќе треба директно да одговара за 600.000 вработени, за угледот ,,made in Germany”, за германскиот берзански индекс, за традицијата на еден производител на автомобили кој е, како никој друг поврзан со една земја и ред други работи.

Матијас Милер за свој службен автомобил во 2010 година го избра Porsche 911 Turbo S со 530 коњски сили. Услугите од својот службен шофер ретко ги користи, скоро секогаш се вози сам.

Зборува баварски, освен во службени прилики. Оженет е и има две деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП