Кинеското регулаторно тело „TENAA“ го сертифицираше новиот уред на водечкиот кинески производител на паметни телефони – „Lenovo“, за кој се претпоставува дека е моделот „Vibe X3“.
Уредот се одликува со 5,5-инчен екран со резолуција од 1.080 пиксели и процесорот „Qualcomm“ – „Snapdragon 808“.
Меѓу неговите карактеристики се 21 мегапикселната задна камера со двоен блиц и 8 мегапикселната предна камера. Оперативната меморија е 3 GB, а внатрешната е во износ од 64 GB.
Батеријата е со капацитет од 3.500 mAh, додека како оперативен систем се користи „Android 5.1.1 Lollipop“.
Новиот паметен телефон е со димензии 154 x 76.4 x 9.4 милиметри и тежи 175 грама. Тој располага со сензор за отпечатоци позади и два стерео звучници напред. Се очекува наскоро уредот да биде официјално претставен.