24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSuzuki може да изгуби околу 170 милиони евра поради „Дизелгејт“

Suzuki може да изгуби околу 170 милиони евра поради „Дизелгејт“

suz nas

Јапонскиот производител на автомобили „Suzuki Motor“ се држи на своите првични планови да се ослободи од своето учество во поранешниот партнер „Volkswagen“.

Плановите нема да се променат поради сегашниот пад на цените на акциите во позадина на широко започнатата истрага за наводната манипулација со софтвер за мерење на штетните гасови, изјави јапонската компанија. „Suzuki“ држи 1,5 отсто од акциите на „VW“. Во оваа недела акциите се намалија за речиси 25%. За „Suzuki“ тоа значи нето загуба од речиси 170 милиони евра.

Портпаролот на „Suzuki“ појаснува дека компанијата се уште не одлучила кога точно ќе го продаде пакетот со акции.

„Suzuki“ и „Volkswagen“ се согласија да се поврзат во декември 2009-та година, ветувајќи соработка во областа на технологијата и проширување на пазарите во развој, но оваа врска многу бргу пропадна. „Suzuki“ поднесе барање за раскинување на договорот до арбитражата во ноември 2011-та година, по меѓусебните обвинувања.

„Volkswagen“ пример го обвини „Suzuki“ дека го прекршиле договорот со купувањето на дизел мотори од „Fiat“. По четиригодишен спор, судот пресуди „Volkswagen“ да го продаде своето учество во јапонската компанија од 19,9 отсто. Во минатата недела „Suzuki“ го купи за околу 3,2 милијарди евра, додека своевремено „Volkswagen“ плати само 1,7 милијарди евра за пакетот. Од „Suzuki“ не коментираат што планираат да направат со акциите.

Даниел Лоеб, менаџер на американскиот хеџ фонд „Third Point LLC“, кој исто така поседува акции на „Suzuki“, ја повика јапонската компанија да ги поништи акциите кои ги купи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП