17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSharp може да не ја исполни прогнозата за добивка

Sharp може да не ја исполни прогнозата за добивка

sharpica 333

„Sharp“ нема да успее да ја исполни прогнозата за добивка за првото полугодие и се подготвува да ги намали своите финансиски цели за целата година во позадина на зголемената конкуренција меѓу компаниите за „LCD“ дисплеи, која доведе до пад на цените, тврди извор запознаен со ова прашање, цитиран од „Bloomberg“.

Производителот на дисплеи за уредите на „Apple“ се очекува да не успее да генерира оперативна добивка во износ од 10 милијарди јени (83 милиони долари), кога ги забележа финансиските резултати за полугодието, кое ќе заврши на 30-ти септември, прецизира изворот. Според него, компанијата може да регистрира оперативна загуба за првото полугодие.

„Sharp“ размислува за продажба на својата единица за „LCD“ дисплеи на „Hon Hai Precision Industry“ или на сопственикот на „Japan Display“ – „Innovation Network Japan“, посочуваат луѓето запознаени со разговорите кои се случиле меѓу компаниите.

Прогнозата за пад на финансиските резултати за оваа година ги прави преговорите уште поитни и ги зголемува шансите за договор со „Hon Hai“, тврди изворот.

Акциите на „Sharp“ се намалија, завршувајќи ја трговијата со пад од 5,5% до 155 јени за акција на берзата во Токио. Тоа е најголемиот нивни колапс од 18-ти мај оваа година. Во годинава акциите поевтинија за 42 проценти, иако индексот „Topix“ забележа раст за 1,4%.

Претседателот на „Sharp“, Козола Такахаши се бори со растечките долгови на компанијата и најави план за продажба на централата на компанијата, како и повлекување од телевизискиот бизнис во Северна Америка и намалување на производството на соларни панели.

„Sharp“ побара инвестиција од Hon Hai со седиште во Тајван во 2012-та година, но преговорите завршија поради недоразбирањата во однос на цената и улогата што ќе ја спроведува компанијата со седиште во Тајпеј.

Портпаролот на „Sharp“ Јошифуми Секи одбива да ја коментира прогнозата на компанијата за нејзините финансиски резултати. Портпаролот на „Foxconn“ изјави дека не може во моментов да го коментира односот на компанијата со „Sharp“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП