11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi Q2 излегува напролет

Audi Q2 излегува напролет

naprolet 44

Најмалиот кросовер на „Audi“ ќе го носи името „Q2“ и ќе дебитира на саемот во Женева во март следната година. Ова го соопшти членот на Одборот на директори на компанијата Улрих Хакенберг.

На швајцарскиот саем ќе биде претставена сериската верзија на моделот, кој на изглед ќе се приближува максимално до концептот „Audi e-tron quattro“ (на фотографијата). Се очекуваше тој да има друго име, бидејќи името „Q2“ и припаѓа на компанијата „Fiat“, но на крајот двата производители постигнале договор.

Новиот модел на „Audi“ е дизајниран на платформата „MQB“, а на пазарот ќе се натпреварува со „Mazda CX-3“, „Nissan Juke“ и „Opel Mokka“. Најмалиот кросовер на брендот ќе биде опремен со традиционалните бензински и дизел мотори, но ќе има и модификација со хибриден агрегат.

Хакенберг додаде дека е сосема можно новото „Audi Q2“ да стане предводник на цело семејство на „SUV“ машини во кое ќе влезат уште модели на „Volkswagen“, „Skoda“ и „Seat“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП