2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMeizu го претстави долгоочекуваниот модел PRO 5

Meizu го претстави долгоочекуваниот модел PRO 5

pro5 model

Еден од водечките кинески производители на смартфони „Meizu“ официјално го претстави долгоочекуваниот модел „Meizu PRO 5“.

Целосно металниот смартфон се одликува со 5,7 инчен дисплеј со резолуција од 1.080 х 1.920 пиксели и еден од моментално најдобрите процесори на пазарот – „Exynos 7420“ (кој се наоѓа во моделите „Samsung Galaxy S6“ и „Galaxy Note5“).

pro5 model2

„Meizu“ забележа и суштинско подобрување во однос на дизајнот, а експертите откриваат многу сличности меѓу новиот модел и популарниот „iPhone“ на „Apple“. Смартфонот ќе се нуди во две варијанти – со 3 и 4 GB RAM меморија, а внатрешната меморија и на двата модела ќе е 32 GB.

Една од најатрактивните можности на новиот паметен телефон е неговата 21-мегапикселна камера на „Sony“ од најновата генерација. Новиот „Meizu Pro 5“ е со извонредниот резултат од 75.000 поени во независниот тест за перформанси „AnTuTu“, а смартфонот побрзо ги вчитува апликации од моделите како „Xiaomi Note“, како и „Sony Xperia Z3 +“.

pro5 model1

Новиот модел е со „USB Type C“ – конектор, а има опција за брзо полнење до 65% за 30 минути. Батеријата е со капацитет од 3.050 mAh.

Новиот паметен телефон е со најновата софтверска верзија на компанијата – „Flyme 5“ базирана на „Android“. Смартфонот ќе се појави на 12-ти октомври првично во Кина. Цената за верзијата со 3 GB RAM меморија е 439 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП