19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМарио Драги: Прерано е за одлуки за нови поттикнувања

Марио Драги: Прерано е за одлуки за нови поттикнувања

Mario Draghi-euro

На Европската централна банка (ЕЦБ) и треба повеќе време да процени дали ќе ја засили својата програма за откуп на обврзници, рече во средата претседателот на ЕЦБ, Марио Драги во европскиот парламент.

Забавувањето на растот на пазарите во развој, силното евро и падот на цената на стоките ги придушува изгледите, но треба да се приберат повеќе докази за да се утврди дали овие фактори имаат траен ефект, истакна Драги пред комисијата за економска и монетарна политика.

„Потребно е повеќе време во прв ред да се утврди дали забавувањето на растот во економиите во развој е од привремен или траен карактер, како и да се утврда главните придвижувачки сили кои стојат зад падот на цената на стоките на светските берзи и зад најновите епизоди на сериозни турбуленции на финансиските пазари“, порача Драги.

„Затоа будно ќе ги следиме сите релевантни, нови информации и нивното влијание на изгледите за ценовна стабилност“, додаде Драги.

Минатата недела американската централна банка го одложи кревањето на клучните каматни стапки во САД поради се поизразениот ризик по светската економија со оглед на забавувањето на кинеската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП