17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИInstagram го претрка Twitter со над 400 млн корисници

Instagram го претрка Twitter со над 400 млн корисници

instagram

Социјалната мрежа за размена на фотографии и видео записи Instagram објави дека бројот на нејзини корисници надмина 400 милиони, со над 80 милиони разменети фотографии дневно.

На почетокот на годината сервисот во сопственост на Facebook имаше 300 милиони корисници месечно, за да во меѓувреме го надмине Twitter, кој денес брои околу 300 милиони корисници.

„Иако овие пресвртници се значајни, всушност нас не возбудува како на секому од нас светот му се чини помал благодарение на визуелната комуникација“, објави Instagram.

„Корисниците на Instagram непрекинато снимаат неверојатно фотографии и видео записи од сите аголи на Земјата“, се вели во соопштението.

Над половина од новите 100 милиони корисници на Instagram живеат во Европа или Азија, а најголем раст на бројот на корисници е забележан во Бразил, Јапонија и Индонезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП