22 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЧешките бездомници ќе станат интернет провајдери (видео)

Чешките бездомници ќе станат интернет провајдери (видео)

bezdomnik praga 333

На улиците на Прага се појави првиот бездомник – „движечки hotspot“ за бежичен интернет, облечен во маица на која му пишува, кој и да му се доближи ќе може бесплатно да се приклучи на интернет.

Бездомникот Радим, кој во квартот „Девица“ го познаваат затоа што крај влезот на метрото продава цвеќе, прифати да стане тест „мобилен Wi-Fi предавател“ во проектот „Wi-Fi 4 life“ со кој студентот Лубош Болечек се обидува да го поврзе корисното со хуманото – да им помогне на бездомниците преку бесплатен интернет на местата каде што нема бесплатен сигнал.

„Им помагам да го започнат проектот. Не се разбирам во интернет, ниту во таквите достигнувања“, вели Радим.

Проектот кој доколку се покаже како успешен, Болечек сака да го понуди на градот Прага и на провајдерите на интернет, ангажирајќи во пробниот период шестмина бездомници кои по осум часа дневно би биле во најпрометните места во Прага, носејќи во џеб уред кој овозможува приклучување на интернет на луѓето во пречник од околу 20 метри.

Бездомниците кои ќе бидат „Wi-Fi hotspot“ во замена за тоа ќе добија храна, облека и сместување, а по шест месеци и понуда за вработување од градот или некоја компанија.

„До оваа идеа дојдов додека бев на студиски престој во Канада и неможев никаде да најдам како да се приклучам на интернет. Тогаш ми текна дека за недостапниот интернет може да помогнат бездомниците. Сега ова повеќе не е проект за интернет, туку и како да им се помогне на луѓето кои се наоѓаат на дното“, вели Болечек.

Во САД пред три години пропадна слична идеа, затоа што компанијата „BBH“ стана мета на критики дека ги понижува и жигосува бездомниците.

„Бездомниците се веќе жигосани, а на никому тоа не му пречи“, одговара Болечек на тоа дека бездомниците ќе бидат облечени во неговите рекламни маици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП