2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAlcatel подготвува телефон за љубителите на фотографирањето

Alcatel подготвува телефон за љубителите на фотографирањето

alcatel smart 33

„Alcatel“ официјално претстави уште еден телефон кој е дел од брендот „Alcatel OneTouch“. Oвој пат станува збор за уредот „Alcatel OneTouch Flash 2“, наменет за корисниците кои сакаат да се фотографираат со своите мобилни уреди.

За таа цел ќе послужи задната 13 мегапикселна камера со сензорот на „Samsung – S5K3M2 ISOCELL“, oбјективот со пет леќи, оптички филтер со сино стакло, отвор од f/2.0 и „dual LED“ блиц. Предната камера е 5 мегапикселна со сензор „OmniVision OV5648“ со отвор од f/2.2 и „dual LED“ блиц.

Телефонот има три капацитивни копчиња (од кои најголемото е „home“ копчето во форма на круг), класичните се за контрола на звукот, исклучување и вклучување на уредот, како и наменско копче за вклучување на камерата.

Oд останатите карактеристики, телефонот на „Alcatel“ има 5-инчен екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели (што дава густина на приказ од 294 ppi), процесорот на „MediaTek MT6753“ со 64-бити и со осум „CPU“ јадра на такт од 1,3 Ghz и „Mali-T720“ графика, 2 GB RAM, како и 16 GB интерна меморија (има можност да се прошири со „microSD“ картичка).

Батеријата има капацитет од 3000 mAh, oперативниот систем е „Android 5.1 Lollipop“, а постои и поддршка за 4G LTE мрежата и употреба на две „SIM“ картички.

Уредот ќе биде достапен во бела (Mica White) и вулканско сива (Volcanic Grey) боја, a на европскиот пазар би требало да се појави до крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП