
Подзаборавената германска марка „Borgward“ се врати на автомобилската сцена по паузата која траеше цели 50 години. Во Франкфурт брендот кој е ревитализиран од кинескиот производител „Foton Motor“, го претстави првиот сериски модел.


Подзаборавената германска марка „Borgward“ се врати на автомобилската сцена по паузата која траеше цели 50 години. Во Франкфурт брендот кој е ревитализиран од кинескиот производител „Foton Motor“, го претстави првиот сериски модел.

На пазарот „Borgward“ ќе се врати со кросоверот „BX7“. Тој веќе се нуди на пазарот во Кина, а во Европа треба да се појави во текот на следната година.

За време на прес-конференцијата на саемот во Франкфурт не беа откриени многу нови детали, но сепак беше нагласено дека новите модели ќе ја продолжат традицијата на марката, а ќе покажат иновативност и неповторлив стил.

„Borgward BX7“ има должина од 4,7 метри, а може да биде опремен со 5, 6 или 7 седишта. Волуменот на багажникот достигнува 1344 литри при преклопувањето на задните седишта.

Основниот мотор на моделот е бензинец со четири цилиндри и зафатнина од 2,0 литри. Агрегатот е опремен со турбо, развива 224 КС и 300 Нм, поврзан е со автоматски менувач со две спојки и располага со систем за погон на сите четири тркала. Оваа конфигурација нуди забрзување од место до 100 км/час за помалку од 10 секунди и развива максимална брзина од 200 км/час, открија од компанијата.

Се очекува и хибридна модификација, при што моќта ќе биде 401 КС. Таа ќе претставува „plug-in“ хибрид со погон на сите четири тркала, кој ќе има автономна километражата на електрична енергија од околу 55 километри. Системот комбинира 2.0-литарски бензински агрегат и електричен мотор.

Во поглед на дизајнот, „Borgward BX7“ се обложува на познатиот германски стил. Внатрешноста е опремена луксузно со кожен тапацир „Nappa“, волан со рамно дно, елементи од полиран алуминиум, 12,3-инчен дисплеј на инфо-забавниот систем и друго.
„Borgward BX7“ ќе се произведува во Кина. Се очекува цените во Европа да стартуваат од околу 26.000 евра.