22 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG пушта смартфон со два екрани?

LG пушта смартфон со два екрани?

lphone

Јужнокорејскиот производител на паметни телефони „LG“ развива уред со два екрани, покажуваат новите податоци кои се распространети на Интернет. И двата екрани ќе се наоѓаат на главниот екран на смартфонот.

Кинеската регулаторна агенција „TENAA“ дала одобрение за новиот уред на „LG“ со името „V10“, што се очекува да биде официјално претставен на 1-ви октомври, според податоците на изданието „GSMarena“.

Вториот екран најверојатно ќе обезбеди пристап до некои често користени апликации или контакти, слично на страничниот екран на моделот„ Galaxy S6 edge“.

Уредот се очекува да е со 5.7-инчен „QHD“ дисплеј, 16 мегапикселна задна камера со двоен „LED“ -блиц, 5 мегапикселна предна камера, 3 GB RAM меморија и 64 GB внатрешна меморија.

Моделот ќе располага и со скенер за препознавање на отпечаток, кој ќе биде поставен на копчето за вклучување на смартфонот. Се очекува процесорот кој ќе го корисити овој паметен телефон да биде „Snapdragon 808“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП