Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2026 година, 93.7 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет.
Во првото тримесечје од 2026 година, 91.2 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома.
Во истото тримесечје, 81.2 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет неколкупати во текот на денот.
81.2 % од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.
Во 2026 година при користењето на ИКТ во домаќинствата и од поединците најголемо учество од 93.5 % имаат телефонирањето преку интернет/видеoповиците (преку веб-камера; употребата на апликации, на пример, Skype, Facetime, Messenger, WhatsApp, Viber, Snapchat), а најголемо учество од 88.4 % има размената на пораки, на пример, преку Skype, Messenger, WhatsApp, Viber