17 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпорниот мотор на Volkswagen се наоѓа во 11 милиони возила

Спорниот мотор на Volkswagen се наоѓа во 11 милиони возила

tdi motor ee

Проблемот со дизел автомобилите на „Volkswagen Group“, кој го откри Агенцијата за заштита на животната средина на САД – „EPA“, се продлабочува. Од официјалното соопштение на германскиот концерн станува јасно дека бројот на погодени возила во светот достигна 11 милиони.

Претходно оваа недела беше објавено дека кај 482.000 продадени примероци на територијата на САД, во дизел автомобилите на „Volkswagen Group“ е поставен посебен софтвер кој има во предвид кога автомобилот поминува низ еколошки тест и го намалува реалниот резултат помеѓу 10 и 40 пати.

Сега станува јасно дека со таков софтвер се опремени 11 милиони автомобили, кои се пласирани на светските пазари. Тоа се модели кои го користат моторот „Type EA 189“ и се произведени меѓу 2009-та и 2015-та година. Кај останатите дизел мотори на концернот слични отстапувања не се откриени, се вели во пораката.

Погодени од наводната манипулација се следниве модели:

– VW Jetta (2009 – 2015)

– VW Beetle (2009 – 2015)

– Audi A3 (2009 – 2015)

– VW Golf (2009 – 2015)

– VW Passat (2014-2015)

Се нагласува дека кај моделите со мотори „Евро 6“ кои во моментов се продаваат на територијата на ЕУ, сличен уред не е поставен.

Проблемот може да чини загуба во износ од 6,5 милијарди евра, пресметува компанијата.

Само за неколку дена, откако стана јасно за постоењето на проблемот, компанијата загуби 25 милијарди евра од пазарната капитализација. Акциите поевтинија за 38% за само два дена, а во САД најверојатно ја очекува рекордна парична казна од 18 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП