16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемувањето на извозот на македонски производи на глобалниот пазар - врвен приоритет...

Зголемувањето на извозот на македонски производи на глобалниот пазар – врвен приоритет на Invest Macedonia

aab

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот продолжува со активна поддршка на домашните извозници во рамките на проектот „Online видео средби помеѓу домашните извозни компании и економските промотери“.

На 22 септември во седиштето на Invest Macedonia се одржа четвртиот циклус на директни средби на кои домашните компании ТЕ-ТЕ Пласт, ФЗЦ 11 Октомври, ТЕП Раде Кончар, Завар, Братство и Свемек го претставија своето производно портфолио и деловни планови пред економските промотери кои покриваат над 20 национални пазари дисперзирани во различни географски подрачја.

„Денешниот настан беше многу позитивен за нашата компанија затоа што на едно место директно се запознавме со економските промотери, разменивме заемно корисни информации и дефиниравме заеднички полиња на делување во иднина”. изјави г-динот Владимир Тевдов од компанијата ТЕ-ТЕ Пласт.

Во рамките на овој циклус средби се таргетираа извозни компании од металната индустрија, а целта на тимот од Invest Macedonia е запознавање со производите и капацитетите на домашните извозници и обезбедување професионална помош во изнаоѓање странски купувачи и пристап до пазари во земјите кои што ги покриваат економските промотери.

„Благодарност до сите компании кои ги отворија вратите за соработка со Invest Macedonia и верувам дека воспоставеното партнерство со домашната бизнис заедница ќе продолжи и во иднина, добивајќи на нов квалитет и интензивирана динамика во наредниот период. Остануваме фокусирани на континуирана реализација на овој проект и ќе продолжиме да бидеме цврста поддршка на домашните извозници во борбата за позначителен надворешен пласман и квалитативна препознатливост на македонските производи. Зголемувањето на извозот на домашни производи на глобалниот пазар останува во врвот на владината економска политика изјави г-динот Климент Шекеровски, заменик директор на Invest Macedonia.

Според г-динот Шекеровски, Invest Macedonia како високо професионален сервис за компаниите останува отворена за сите деловни субјекти кои би сакале да земат свое учество во овој проект, имајќи ја во предвид важноста од потребата за сеопфатна поддршка и континуирана промоција на домашните производи на надворешни пазари во насока на нивен позначителен и олеснет пласман на нови пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП