16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот туризам не е во криза! Напротив!

Грчкиот туризам не е во криза! Напротив!

grka

Бројот на странски туристи оваа година во Грција би можел да надмине 26 милиони, што би значело дека оваа оваа туристичка сезона ќе биде најдобра во грчката историја, покажуваат податоците на Централната банка на Грција.

Во првите седум месеци од оваа година бројот на странски туристи во Грција е зголемен за 14,2 отсто на годишно ниво, што значи дека оваа земја до јули ја посетиле безмалку 12 милиони странци.

Најмногу туристи имале, а тоа е големо изненадување, од Велика Британија-1,3 милиони. Ова е првпат Грција да ја посетат повеќе Британци од Германци, кои во првите седум месеци од 2015 година во Грција биле 1,29 милиони. И едните и другите ги имало повеќе во однос на истиот период од минатата година-29,3 отсто повеќе Британци и 23,6 отсто повеќе Германци.

grk

Проблеми се јавуваат кога ќе се погледнат бројките на руските туристи. Нив до јули ги имало 235.000, што е во споредба со истиот период од минатата година намалување за 65,2 отсто. Од друга страна американците ги има многу повеќе. Во првите седум месеци од оваа година имало 395.000, што е за скоро 35 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Кога е во прашање заработката од туристи, во првите седум месеци од оваа година пораснала за 6,2 отсто во однос на истиот период лани. Странците во Грција потрошиле близу 7 милијарди евра, од кои намногу Британците(нешто повеќе од милијарда евра), потоа Германците(943 милиони евра) и Французите(489 милиони евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП