19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Toyota Hilux пристигнува во Европа (фото)

Новиот Toyota Hilux пристигнува во Европа (фото)

hitoj

По Азија и Австралија, каде беше лансиран во мај, новата генерација на моделот „Hilux“ наскоро ќе биде достапна и на европскиот пазар.

„Toyota“ има големи надежи во пласманот на својот „пик-ап“ во Европа, со оглед дека претходната верзија со 36.000 продадени примероци во 2014-та, беше најпродаваниот модел во овој сегмент, со пазарен уред од дури 23,5%.

Јапонската компанија очекува дека на „Стариот континент“ годишно ќе продава по 40.000 единици од новата, осма генерација на овој теренец.

hitoj1

Моделот за 2016-та е подолг од својот претходник за 70 mm, a ширината на возилото е поголема за 20 mm, додека висината е значително помала.

Европскиот „Hilux“ визуелно не се разликува од верзијата која е понудена на азискиот и австралискиот пазар. Новата „Toyota“ за најтешките терени доби „LED“ дневни светла и современ дизајн на надворешноста.

Формата на предниот дел на возилото треба да ги убеди гледачите дека станува збор за моќен камионет подготвен да ги исполни сите барања кои се ставени пред него.

hitoj2

„Hilux“ сега изгледа модерно, со новите продолжени фарови кои се длабоко вовлечени во предните крила на возилото и кои се визуелно поврзани со хоризонтални хромирани лајсни на маската на ладнилникот, а крилата над тркалата се дополнително нагласени.

Редизајниран е и задниот браник, додека стоп-светлата се поголеми во споредба со претходниот модел.

Позади е инсталирана и рикверц камера, која е стандарден дел од опремата на новиот „Hilux“.

hitoj3

Во зависност од пакетот на опрема, возилото се испорачува со 16, 17 или 18 инчни тркала.

Ентериерот повеќе потсетува на кабина на некој патнички автомобил, а не како што беше случај со актуелниот модел. „Toyota“ се погрижи возачот и патниците на располагање да ги имаат сите содржини неопходни за комфорно возење.

Највпечатлив новитет е големиот екран на мултимедијалниот систем кој е чувствителен на допир, кој има централно место на командната табла.

hitoj5

Производителот соопшти дека новиот „Hilux“ е во состојба да повлече приколка со маса од 3,2 тона, додека на него максимално може да се натовари терет од 1.240 kg.

Покрај тоа, во споредба со претходната генерација, возилото е опремено со подобрени системи за безбедност.

hitoj6

„Toyota“ тврди дека трошоците за експлоатација на новиот модел ќе бидат нешто пониски, благодарејќи на новите дизели.

На европскиот пазар во понудата ќе бидат 2.4 литарски и 2.8 литарски „D-4D“ мотори. Помалиот ќе произведува 150 ks и 400 Nm, додека поголемиот располага со 177 ks и 450 Nm.

hitoj4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП