22 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМајкрософт го лансираше новиот Office 2016

Мајкрософт го лансираше новиот Office 2016

ofice 2016

Компанијата Мајкрософт денеска го лансираше новиот Office 2016 ширум светот.

Станува збор за пакет апликации кои се најнов додаток на системот Office 365, претплатнички сервис во облак кој на корисниците им овозможува заедничка работа на задачи на највисоко ниво.

„Начинот на кој луѓето работат од корен се промени и токму затоа Мајкрософт е фокусиран на нови решенија и унапредување на продуктивноста и деловните процеси со цел создавање на „mobile-first, cloud-first“ свет“, рече извршниот директор на Мајкрософт Сатја Надела.

Тој смета дека последните иновации значат голем чекор напред во трансформацијата на  Office од познат сет на апликации насочени кон индивидуалната продуктивност кон поврзан сет апликации и услуги дизајнирани за модерна работа, соработка и тимска работа.

Office 2016 содржи нови верзии на компјутерските апликации Word, PowerPoint, Excel, Outlook, OneNote, Project, Visio и Access за Windows.

Доколку се претплатата на Office 365, корисниците ќе можат секогаш да користат ажурирани, целосно инсталирани апликации за сите свои уреди во комбинација со редица потрошувачки и комерцијални сервиси што постојано се развиваат, како OneDrive, кои служат за интернет складирање на податоци, Skype for business, Delve, Yammer и разни безбедносни карактеристики на корпоративната класа.

Outlook се очекува веќе во ноември, соопштуваат од Мајкрософт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП