4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFoxconn е заинтересиран за бизнисот со дисплеи на Sharp

Foxconn е заинтересиран за бизнисот со дисплеи на Sharp

televizori 333

Тајванскиот производител на „Apple“, „Hon Hai Precision Industry Co“ има намера да го купи бизнисот со „LCD“ екрани на „Sharp“.

„Hon Hai“, попознат под името „Foxconn“, бара финансиска поддршка од „Apple“, за да ја оствари трансакција, пишува јапонскиот економски весник „Nikkei“.

Засега нема податоци колкава сума има намера да плати „Hon Hai“ за единица за „LCD“ дисплеи на „Sharp“. Јапонската компанија не коментираше за оваа тема за „Ројтерс“,а агенцијата не успеала да добие коментар ниту пак од „Hon Hai“.

Компанијата со седиште во Осака, „Sharp“, доживува тешкотии, пред се во однос на конкуренцијата од страна на јужнокорејските и кинеските производители. Освен тоа се намалува и побарувачката на дисплеи за смартфони.

Затоа во мај „Sharp“ обезбеди спасувачки пакет во износ од околу 1,7 милијарди евра од неколку банки. „Mitsubishi UFJ Financial Group Inc.“ и „Mizuho Financial Group Inc.“, кои заедно досега дадоа повеќе од 600 милијарди јени кредити на „Sharp“, дадоа нова финансиска помош спасувајќи го „Sharp“ за втор пат во последните три години. Во замена за тоа, компанијата се обврза да спроведе реструктуирање, кое предвидува и затворање на 5.000 работни места, што претставува околу 10% од сите работни места.

И додека одделот за екрани е еден од најпознатите одржливи бизниси на „Sharp“, со клиенти како „Apple“ и „Xiaomi“, компанијата се бори со јужнокорејските конкуренти „Japan Display Inc.“ и „LG Display Co“. Внатрешниот кориснички бизнис на „Sharp“ е сериозно погоден од слабиот јен, а кој ги крева производствените трошоци во фабриките на компанијата надвор од земјата. Во јули стана јасно дека оперативната загуба на „Sharp“ за кварталот меѓу април и јуни изнесува 28,8 милијарди јени (240,42 милиони долари).

Пред еден месец „Ројтерс“ објави, повикувајќи се на свои извори, дека „Sharp“ има намера да се поврзе посериозно со „Hon Hai“, како и дека може да добие финансиски инјекции од други извори, поддржана од државната „Innovation Network Corporation of Japan“, еден од водечките акционери во конкурентот на „Sharp“, „Japan Display“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП