2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛуфтханза и Дојче Tелеком разработуваат план за квалитетен интернет во воздух

Луфтханза и Дојче Tелеком разработуваат план за квалитетен интернет во воздух

luf ibm

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ планира да воведе широкопојасен пристап до интернет во авионите на кратки и средни дестинации уште од следното лето. Компанијата има склучено договор со „Дојче Tелеком“ и веќе работат заедно на изградба на системот.

Технологијата ќе овозможи брз и квалитетен интернет како на земјата, така и за време на летот, објави „ББЦ“.

Широкопојасен сигнал е релативно нова технологија во воздушниот транспорт. Во Европа една од ретките авиокомпании кои го нудат е „Norwegian“. Најпопуларната опција на безжичен интернет во воздух во моментов е прилично бавен и несигурен, згора на тоа и многу скап.

За споредба новиот систем ќе овозможува дури проследување на филмови и видео записи за време на летот, а цената ќе остане приближно иста. Модерната мрежа ќе е комбинација од сателитски и земни предаватели со што ќе се обезбеди добра брзина и сигурност на врската, појаснуваат од германскиот телеком.

За меѓуокеанските летови сепак остануваат многу проблеми пред да може да се воведе технологијата – како да се пополнат празнините во покривањето на сигналот од сателит и да се обезбеди дека операторите имаат подеднакво добар квалитет, бидејќи патниците ќе излегуваат од зоната на еден оператор и ќе влегуваат во зоната на друг.

„Луфтханза“ се уште не одлучила колку ќе чини услугата, но еден опција која се разгледува е да биде обврзана со видот на авионскиот билет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП