5 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗApple во 2019-та ќе го лансира својот автомобил?

Apple во 2019-та ќе го лансира својот автомобил?

AppleCar3

Според пишувањето на „Wall Street Journal“, „Apple“ својот прв автомобил планира да го пушти во продажба веќе во 2019-та година.

Извештаите од „Apple“ наговестуваат почеток на важен проект. Иницијативата која се нарекува „Titan“ моментално околу себе вклучува дури 600 вработени во компанијата.

Иако првите шпекулации говореа со голема веројатност дека станува збор за автомобил без возач, „Wall Street Journal“ пишува дека првиот автомобил на „Apple“ нема да биде во целост автономен.

Што повеќе, „WSJ“ пишува дека зададениот рок од четири години е премногу оптимистичен, па се очекува дека првото возило на „Apple“ ќе го видиме дури по 2019-та година.

Непотврдени извештаи се појавија по состанокот на раководството на „Apple“ со првите луѓе од Министерството за сообраќај во државата Калифорнија на која најверојатно станувало збор за легислатива која ги следи автономните возила.

Најавата за автомобил од страна на гигантот од Купертино, кој најверојатно ќе користи електричен мотор, беше забележана уште во февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП