27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Спремни сме за Турски тек

Грција: Спремни сме за Турски тек

tursk

Новата грчка влада која ќе биде составена од радикалната левица СИРИЗА и партијата “Независни Грци”, подготвена е да продолжи за спроведување на проектот за изградба на гасоводот преку територијата на Грција, која ќе биде дел од “Турскиот тек”.

“Да, ние сме спремни, сега се зависи од Русија”, рече одма по објавувањето на победата на парламентарните избори Теренс Квик, досегашен заменик министер за координација на работата на владата, инаку член на партијата “Независни Грци”.

Рускиот и Грчкиот министер за енергетика, Александар Новак и Панајотис Лафазанис, во јуни оваа година потпишаа меморандум за изградба на тој гасовод преку територијата на Грција.

Проектот чија вредност е проценета на две милијарди евра, би требало да почне да се реализира во 2016 година, а да се заврши во 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП