2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТест на брзината на Apple iOS 9 и iOS 8.4.1 (видео)

Тест на брзината на Apple iOS 9 и iOS 8.4.1 (видео)

test iosi 33

Пред неколку дена, „iOS 9“ беше официјално претставен, а базирано на првите резултати, делува дека новиот оперативен систем има добра прифатеност од страна на корисниците.

За оние кои се прашуваат какви се резултатите на најновиот „iOS“ во смисла на брзината, се појави видео кое го споредува со претходната „iOS 8.4.1“ верзија.

Тимот „Everything Apple Pro“ ги спореди „iOS 9“ и „iOS 8.4.1“ нa моделите „iPhone 6“, „iPhone 5s“, „iPhone 5“ и „iPhone 4s“. Според видео тестот, кога станува збор за стартувањето, „iOS 9“ е навистина побрз од верзијата „iOS 8.4.1“. Интересно е дека на моделот „iPhone 4s“, на „iOS 9“ му беа потребни плус три секунди, а тоа сугерира дека „iOS 9“ е дизајниран и оптимизиран за поновите уреди.

Од друга страна, кога станува збор за лансирање на апликациии, изгледа дека предноста е на страната на верзијата „iOS 8.4.1“. Разликата во стартувањето на апликациите е највидлива на моделот „iPhone 4s“, додека најмалку очигледна е на „iPhone 6“. Досега имаше многу поплаки од корисниците на „лагот“ кој го има „iOS 9“, па останува надеж дека во следните надоградби ќе биде отстранет овој проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП