6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСАД: VW фатен во измама, можна е казна од 18 милијарди долари

САД: VW фатен во измама, можна е казна од 18 милијарди долари

Volkswagen-Group-11

Aмериканската агенција за заштита на околината (EPA) ја обвини групацијата „Volkswagen“ дека со помош на софтверски уред го прикривала вистинското ниво на загадување на дизел моторите кои се вградени во речиси половина милион возила на пазарот во САД.

„EPA“ наведува дека „Volkwagen“ во своите возила има инсталирано уред кој значително ја намалува емисијата на азотни оксиди, но само во случај кога автомобилот е подложен на строги тестови кои служат за мерење на овие емисии.

„Возилата се опремени со софтвер кој ја исклучува контролата на емисии во вообичаените услови на возење, а го вклучува кога автомобилот е подложен на тестови“, открива „EPA“.

Оваа агенција наведува дека софтверскиот уред за лажирање на емисиите е вграден во 482.000 автомобили од марките „Audi“ и „Volkswagen“ кои се произведени од 2009-та до 2015-та година.

Станува збор за патнички возила во кои се вградени четирицилиндарски дизел мотори, а во принцип станува збор за моделите „Jetta“, „Beetle“, „Golf“, „Passat“ и „Audi A3“.

Благодарејќи на софтверската малверзација, возилата можат да произведат и до 40 пати повеќе штетни гасови отколку што е дозволено, што претставува опасност по јавното здравје, наведува „EPA“.

Американските власти и наредија на групацијата „Volkswagen“ да ги повлече спорните автомобили од пазарот, а германскиот производител наведе во соопштение дека ќе соработува со истражителите.

Постоечките федерални закони за вакви случаи предвидува максимална казна од 37.500 долари по автомобил, па теоретски вкупната казна би можела да достигне и 18 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП