4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпанците лесно до европската титула

Шпанците лесно до европската титула

spain-ep-france

Репрезентацијата на Шпанија ја освои европската титула на првенството кое се одржуваше во Франција. Шпанците во финалето многу полесно од очекувањата славеа со (19:8, 22:25, 19:10, 20:20). ‘Црвената фурија’ ја осовои третата европска титула, на последните четири шампионати, откако претходно славеше на шампионатите во 2009 и 2011 година.

Шпанија одигра перфектно финале, максимално ги користеше слабостите на својот противник и предводена од најдобриот играч на турнирот Пау Гасол (25 поени, 12 скокови) стигнаа до трофејот.

Покрај Гасол, двоцифрен број на поени кај Шпанија постигнаа уште Серхио Љуљ (12 поени, 6 скока, 5 асистенции) и Руди Фернандез (11 поени).

Најефикасни Литванци во финалето беа Калниетис и Сеибутис со по 13 поени. Инаку Литванија го одбрани среброто од претходното првенство во Словенија.

Шпанците во фуриозен ритам го започнаа натпреварот, ги погодија првите четири удари, два пати Љуљ, а потоа Фернадез и Миротиќ, за 9:2.

‘Фуријата’ одлично го затвори својот рекет, Љуљ константно го притискаше Калниетис што резултираше со дури седум загубени топки на Литванците во првата четвтина.

Кога во втората половина од првиот период проработе и Гасол Шпанците експресно стигнаа до двоцифрена предност 15:4, а по десет минути имаа 19:8.

Слично тек имаше и вториот период, односно првите пет минути. Шпнаците лесно ја пробиваа одбраната на Литванија, чии напад воопшто не функционираше. Три ипол минути од почетокот на втората четвртина Литванците не поентираа и Шпанците стигнаа до голема предност од 34:16.

Соло изведбата на Калнитетис, кој врза пет поени во серија, ја раздвижи играта во нападот на балтичката селекција. Во финишот се разигра и Сеибутис кој погоди две тројки, а со звукот на сирената тројка погоди и Мачиулис кој ја преполови максималната предност на Шпанија за 41:33 по првите 20 минути.

Полувремто го спречи литванскиот налет, Шпанците се консолидираа и во првите четири минути од третата четвртина направија серија од 11:2 за огромни 17 поени разлика (52:35).

До крајот на третиот период Литванците неколку апти се обидуваа да влезат во серија, но искусната шпанска репрезентација без поголеми проблеми ги одбиваше нивните налети.

Во 28.минута Шпанија остана без Руди Фернандез, кој во еден дуел со Јанкунас ја обнови повредата на грбот, поради која и имаше лимитирана минутажа на ова ЕП.

Предноста од 18 поени со која Шпанците влегоа во последниот период беше недостижна за Литванија, чии кошаркари неколку пати стигнаа до минус од 12 поени, недоволно да се загрози сигурното водство и пред игра на Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП