3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLidl најави зголемување на платите на вработените

Lidl најави зголемување на платите на вработените

lidl

Германскиот синџир на супермаркети Lidl најави дека следниот месец ќе ги зголеми платите на илјадници свои вработени во Велика Британија, за најмалку 12 отсто.

Работниците во Lidl на 1 октомври ќе добиваат најмалку 8,2 фунти за час во Англија, Шкотска и Велс, како и 9,35 фунти по час во Лондон.

Работниците на Lidl ќе бидат најдобро платени во секторот на супермаркети, соопштено е од компанијата.

Од германската компанија додаваат дека платите просечно ќе пораснат за 1.200 фунти годишно, со тоа што зголемување ќе добијат 53 отсто од вкупно 17 илјади работници од сите старосни групи во Британија.

Lidl ги плаќа работниците надвор од Лондон минимално 7,3 фунти за час, додека оние во главниот град добиваат најмалку 8,03 фунти за час.

Новите плати ќе бидат поголеми од задолжителната минимална плата што британската влада се подготвува да ја воведе во април следната година за работниците постари од 25 години.

Во Lidl проценуваат дека зголемувањето на платите ќе ги чини дополнително девет милиони фунти годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП