18 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple деветти пат по ред на врвот на листата на задоволството на...

Apple деветти пат по ред на врвот на листата на задоволството на корисниците

as-apple-users-to-be-disciples

Според најновите истражувања на агенцијата ,,J.D Power and Associates”, девет пати по ред, прв на листата на најзадоволни корисници на смартфони е компанијата Apple.

Компанијата од можни 1000, има освоено 855 поени и освои убедлива победа во областа на физичкиот изглед и леснотијата на операциите.

Агенцијата ,,J.D Power and Associates” која ја објави листата на компании на кои корисниците се најзадоволни, практично не е сменета вече две години.

Кирк Персон, директор од областа за комуникации, смета дека пазарот на мобилната телефонија во моментов се карактеризира со напредни услуги на паметните телефони и недостатокот на нови уреди со надградени карактеристики.

Вкупното задоволство на луѓето од мобилните телефони достигна 796, што е раст од 22 отсто во однос на минатата година.Корисниците сметаат дека најважните карактеристики на мобилните за раст на задоволствотот е сигурност на оперативниот систем, брзина, квалитетни фотографии и видеа.

Како една од најважните карактеристики , корисниците ја наведуваат пристапот кон социјалните мрежи, каде во просек поминуваат по 115 минути неделно, користејки ги апликациите за друштвени мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП