7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро пристигнува Robin, „најпаметниот“ смартфон (видео)

Наскоро пристигнува Robin, „најпаметниот“ смартфон (видео)

robin 33355555

Паметниот телефон на компанијата „Nextbit“ ги надмина очекувањата во „Kickstarter“ кампањата и собра преку милион долари.

Станува збор за уред кој се нарекува „Robin“, a кој сака да интегрира работи во „облак“ на нешто поинтелегентен начин од конкуренцијата, сместувајќи ги послабо користените работи на уредот директно во „облак“ поради заштеда на просоторот.

Зад самата компанија „Nextbit“ стојат луѓе кои работеле во „Google“ и „HTC“, a покрај меморискиот капацитет на самиот уред, со секој купен пристигнува уште и 129GB меморија во „облак“ кој „Robin“ паметно ќе го искористи. Што повеќе корисникот ракува со уредот, тој ќе знае што треба да смести во „облак“, a што да повлече од таму во меморијата на уредот за што полесен пристап.

Уредот со дијагонала на екранот од 5,2 инчи користи процесор „Qualcomm Snapdragon 808“ со 3GB работна меморија, 32GB интерна меморија и батерија од 2.680mAh. Екранот е изведен во „IPS“ технологија и заштитен со „Gorilla Glass 4“. Задната камера е од 13 мегапиксели, а пак предната од 5MP.

Тука се и читачот за отпечатоци на прстите, стерео звучниците, поддршката за брзо полнење и друго. Во кампањата може да се учествува со цена од најмногу 349 долари, а првите испораки се очекуваат во почетокот на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП