7 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon го претстави таблетот Fire кој чини 50 долари

Amazon го претстави таблетот Fire кој чини 50 долари

fire 50 33

Гигантот во областа на електронската трговија „Amazon“ ја зголемува својата понуда на таблети со најновиот модел „Fire“ со седум инчен екран (1.024×600 пиксели) по цена од 50 долари.

Овој уред има четиријадрен процесор со такт од 1,3 GHz, две камери, една на предната страна и една на задната, како и простор за складирање податоци од 128 гигабајти (може да се прошири со помош на „miсroSD“ мемориска картичка).

Таблетот, како што објаснуваат од „Amazon“, ќе има автономија на работа од седум часа. Тој ќе функционира под оперативниот систем „OS 5 Bellini“, кој настана од оперативниот систем на „Google“ – „Android“.

„Fire“ веќе е достапен за нарачки, а првите испораки би требало да стартуваат од 30-ти септември, оваа година. „Amazon“ претстави и уште два нови таблети, „Fire HD 8“ и „HD 10“, a на почетокот ќе се продаваат само во Америка и тоа по цена од 150 до 230 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП