24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРамсторе и Халкбанк достапни и во Кичево

Рамсторе и Халкбанк достапни и во Кичево

halk-banka-kicevo

Денес во 11.00 часот, Рамсторe и  Халкбанк АД Скопје со заедничка церемонија, свечено ги отворија своите нови локации во Кичево.  

Новиот маркет од ланецот на Рамсторe маркети  и новата филијала на Халкбанк  се наоѓаат на ул. “Булевар Ослободување “бр.1  во Кичево.

Со својата присутност во градот, и двете компании се приближуваат до потребите на граѓаните на Кичево овозможувајќи им квалитетна и широка понуда на своите услуги и производи.

Рамсторе Македонија ДОО  преку својот 19. маркет, на продажен простор од 540 м2, со 16 вработени и 3 наплатни каси ќе го нуди широкиот асортиман од голем број трговски групи, со преку 12.000 производи, кои се неопходни за потрошувачите; пакувано свежо месо, свежо овошје и зеленчук. Потрошувачите ќе може да ги користат многубројните акции и промоции на производи како и во сите супермаркети на Рамстор. Маркетот содржи големо портофлио на производи со висок квалитет и голем  избор.  Планирано е отварање и на други Рамстор маркети на повеќе локации во државата.

ХАЛКБАНК А.Д. Скопје преку својата 33. филијала, ќе овозможи лесна и поедноставна комуникација со своите постоечки клиенти, како и можност за квалитетно опслужување на новите клиенти од регионот на Кичево.

Во филијалата ќе бидат достапни сите производи и услуги на Банката (штедни влогови, платен промет во земјата и во странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA, MasterCard, Maestro и Pay Pass платежни картички и др.), ќе се презентираат сите новини кои истата постојано ги воведува на пазарот, и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со клиентите и бизнис партнерите од регионот.

На свеченоста по повод пристигањето на овие две компании во градот, присуствуваше и градоначалникот на Општина  Кичево.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП