28 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook at Work: Друштвена мрежа за бизнис средина

Facebook at Work: Друштвена мрежа за бизнис средина

fbatwork

„Facebook“ се подготвува да го прошири својот нов производ за работната средина во многу повеќе компании.

„Facebook at Work“ е вид на друштвена мрежа која е дизајнирана за специфична комуникација меѓу колегите, а од јануари е во затворена верзија.

Меѓутоа, овој пилот проект е речиси завршен, а компанијата ќе треба да престави „freemium“ верзија која оваа година ќе биде достапна за корисниците, вели Џулијен Кодорни, која се наоѓа на чело на целиот тим на „Facebook at Work“.

Oвој производ веќе подолго време е во подготовка, а „Facebook“ веќе со години го користи интерно, а првите информации за тоа дека прават друштвена мрежа за компании се појавија пред 15 месеци. Кога овој производ ќе биде достапен се уште не е познато, но и тоа како ќе ги убедат корисниците да заборават на досегашниот систем на комуникација внатре во компанијата.

Повеќе од 100 компании го користат „Facebook at Work“ во бета верзија, а тој број и натаму расте. Многу од нив дури сега започнуваат интерно да ја прошируваат употребата на овој производ.

Се очекува дека „Facebook“ сепак нешто и ќе заработува од ова, но сигурно нема да им даде предност на рекламите како извор на заработка. Можно е да се наплатува дополнителна опција или аналитика поврзана со налозите.

Предноста е во тоа што повеќето луѓе во бизнис средината веќе имаат „обичен“ „Facebook“, па и бизнис верзијата ќе знаат да ја користат од првиот ден, а компаниите нема да мораат да вложуваат во обука на вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП