2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДадете отказ достоинствено

Дадете отказ достоинствено

otkaz-dostoinstvo

Ниедна работа не е лесна, но ситуацијата може дополнително да го отежне фактот дека вие не ја сакате својата работа. Секојдневната главоболка кога ќе помислите дека треба повторно да одите на работа, може да значи само едно- одете си веднаш.

Последиците кои може да следат поради чекање се непријатни и може да бидат спречени. Тоа е сосема очекувано дека нема да ја добивате платата, но на овој начин вашето достоинство ќе биде спасено, а пријателството и професионалноста ќе бидат сочувани.

Промените кои ќе следат од вас ќе бараат да ја фокусирате својата енергија на нова кариера. Процедурата на давање отказ е едноставна- договорете се со својот шеф за отказниот рок. Она што е малку повеќе комплицирано е како да се остане во добри односи со сега веќе поранешниот работодавец и поранешните колеги.

 

Останете позитивни

Во повеќето случаеви, не постои причина да палите мостови позади вас и да останете во караница  или генерално во лоши односи со поранешниот работодавец или колегите. Никогаш нема да знаеш кога некој ќе ви затреба, а и не е непознато дека и некои луѓе повторно се вратиле во компанијата.

 

Бидете фер према шефот

Иако работодавецот не бил секогаш фер со вас, бидете вие фер со него и покажете каква личност сте. Нема потреба да се спуштате на пониска гранка.

Одлуката за давање на отказ задржете ја за себе. Доколку за вашиот отказ знаат и вашите колеги, и ако вие се предомислите и останете ќе делува неодлучно и несигурно. Доколку вашата одлука за давање отказ е дефинитивна дури и под најдобри можни услови кои ви стојат на располагање, известете го шефот за рокот кој е во рамките на законската регулатива.

Најдобра ситуација би била, ако сте сигурни во својата одлука, закажете состанок со својот шеф како би му ја соопштиле вашата одлука. Најдобар начин за да го дадете вашиот отказ, е тоа да го направите директно, без предходен вовед, бидејки со тоа ќе покажете дека го цените времето на шефот и вашето време.

 

Ракувајте се со насмевка

Без разлика дали ќе одите на ново или подобро работно место или едноставно си одите од таа компанија, направете го тоа достоинствено. На заминување ракувајте се со шефот, поздравете ги колегите, заблагодарете се за се и со широка насмевка излезете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП