4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГо зајакнува имунитетот и спречува тешки заболувања: Најдобриот антиоксиданс е...

Го зајакнува имунитетот и спречува тешки заболувања: Најдобриот антиоксиданс е…

91303_profimedia0108306318-kafa_630x0

Антиоксидансите се природни материи во храната, кои го чуваат здравјето и го штитат организмот од слободните радикали…

Тие се особено важни за нашиот имунитет и сосема е јасно дека би требало да ги внесуваме во поголема количина. Колку имамe посилен имунитет, толку сме поотпорни на настинки, вируси, бактерии но и на тешки заболувања како што е ракот.

Истражувањата покажаа дека во кафето се наоѓа значителен број на антиоксиданси. Сепак, лоши вести се што научниците и понатака не можат да ги изолираат антиоксидансите на најдобар начин. Познато е дека кафето е диуретик и дека ја ослободува водата од телото.

Кафето, исто така, се наоѓа на листата намирници кои се борат против ракот поради високата содржина на антиоксиданси. Различни студии го поврзаа кафето со намалениот ризик од добивање на рак на црниот дроб, рак на дојка, простата, меланом…

61481_shutterstock-73513816_630x0

Мажите кои пијат шест или повеќе шолји кафе дневно имаат за 60 проценти помал ризик да заболат од најсмртоносниот вид на рак на простата и за 20 проценти помал ризик од заболување на било кој карцином во споредба со мажите кои не пијат кафе.

Исто така истражувањата на Универзитетот во Јута, покажаа дека консумирањето на кафе го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, канцер на вратот и главата и го намалува ризикот од појава на дијабетес.

Сепак, немојте да заборавите дека со секоја шолја кафе треба да пиете и доволно количество на вода, со цел да не дехидрирате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП