26 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAsus претстави евтин смартфон со 4 GB RAM меморија

Asus претстави евтин смартфон со 4 GB RAM меморија

asi 33

Конкуренцијата помеѓу производителите на „Android“ смартфони во нискиот ценовен сегмент се повеќе се вжештува.

Секоја компанија се обидува да освои повеќе корисници не само со ниски цени, но и со уникатни карактеристики.

Од „Asus“ повторно сакаат да бидат чекор понапред од конкурентите. Откако компанијата беше прва во светот која претстави смартфон со 4 GB RAM меморија, од таму покажаа и разроботка на евтин модел со истото количество RAM меморија. Тајванскиот производител покажа модификација на еден од најпродаваните модели во Азија – „Asus Zenfore 2“ со четири гигабајти RAM меморија.

Оригиналната верзија беше со цена од 199 долари, додека за 30 долари повеќе корисници ќе добијат двојно повеќе меморија – 4 GB. Останатите технички карактеристики на смартфонот вклучуваат процесор „Intel Atom“, 5.5-инчен дисплеј со резолуција 1.920 x 1.080 пиксели, 13 мегапиксели задна и 5 мегапикселна предна камера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП