16 јуни, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 18.09.2015

Дневен хороскоп 18.09.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ако денес треба да решавате некои правни работи, ви претстои успех. Денес ќе бидете нервозни затоа што чувствувате дека се наоѓате во сенка на еден колега. Не си ги нарушувајте односите со колегите и не реагирајте бурно на неправдата. Овој ден добро ќе ви дојде да размислите за следните потези. Деновиве партнерските односи можат да ви бидат нарушени.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денешниот ден може да ви помине во средување на некоја документација. Кариерата ви оди по нагорна линија, но морате да внимавате и да не го заборавите изминатиот период. Само со поправање на старите грешки ќе можете вистински да напредувате. Чувствувате мало незадоволство од однесувањето на партнерот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вашата нетрпеливост кон авторитетите ќе дојде до кулминација и може да дојде до конфликт. Искористете го овој ден за да се преиспитате и да го смените однесувањето во идниот период. Ако тоа не се случи, може да падне во вода целиот ваш труд. Партнерските односи ви се добри, но можат да бидат нарушени ако дозволите мешање од страна.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес очекувајте подобрување на финансиската ситуација. Но, имате проблем со старите долгови и поради тоа не можете да се опуштите. Партнерските односи ви се многу добри и овие денови ве очекуваат многу убави моменти. Ако сте слободни, ве очекува средба во едно поголемо друштво.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате голема желба да се докажувате пред колегите. Тој ваш став денес особено ќе ги иритира. Нема потреба да кажувате колку работите, тоа се гледа. На вашето однесување, веројатно влијае и лошата финансиска ситуација. За жал уште некое време ќе морате многу да работите а малку да заработувате. Не ви преостанува ништо друго освен да бидете трпеливи.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе се појави проблем на работното место. Ситуацијата ќе биде непријатна, но ќе морате дипломатски да се изборите со неа. Ако сте невработени, денес очекувајте добра вест. Бидете внимателни со пријателите, затоа што е можно поради непромисленост да останете без еден пријател.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате добра репутација помеѓу колегите и претпоставените. Денес може да добиете шанса да разговарате со некоја важна личност која е многу битна за вашата кариера. Бидете внимателни со парите. Вие не сте трошаџија, ама семејството секојдневно ги зголемува потребите. Можен е краток пат со саканата личност.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Средете си ги мислите и почнете да размислувате позитивно. Ако не го смените ставот кон работата и односот кон колегите, може да се случат многу непријатни ситуации во иднина. Доколку сте во подолга врска или брак, ќе добиете шанса повторно да ги средите односите со саканата личност.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ако сте невработени, денес може да добиете убава вест за работа која ќе се реализира во текот на следниот месец. Партнерот е љубоморен. Не ја префрлајте вината само на него и вие имате свој придонес во тоа. Слободните стрелци може да дојдат во ситуација повторно да се расправаат со бившите партнери.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Доколку имате бизнис во кој е вклучен уште еден партнер, денес имате шанса да склучите многу поволен договор. Вие имате проблеми со исполнувањето на роковите и затоа ќе морате да му препуштите на партнерот да има водечка улога во бизнисот. Ако сте вработени во фирма и имате нови соработници, бидете многу внимателни со нив и не им ги препуштајте работите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Грешките што ги правите во работата се резултат на зголемените трошоци, а не поради лошото работење. Ако сте вработени во некоја фирма, денес ќе се потрудите да најдете дополнителна работа. Оние Водолии кои имаат незавршени работни обврски ќе мора да работат деноноќно. Само на тој начин ќе можат да ги запазат роковите кои им се зададени. Ако сте слободни, може да се заинтересирате за една постара личност.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате потреба да се изолирате од сите, па и од своите најблиски. Трката по пари толку многу ве измори што чувствувате дека не можете повеќе. Можно е некој да ви го врати долгот иако не сте очекувале. Исто така е можно и да ви пристигне помала сума од некоја дополнителна работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП