23 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗFerrari го покажа својот најмоќен кабриолет (фото)

Ferrari го покажа својот најмоќен кабриолет (фото)

spajderka f

Италијанскиот производител „Ferrari“ го искористи автосаемот во Франкфурт, за да го покаже најмоќното кабрио во историјата. Италијанците го отстранија покривот на „488 GTB“ и додале „Spider“ кон името на моделот.

spajderka f1

Производителот од Маранело изјави дека иновативната конструкција и композитните материјали, кои се користат, му овозможија на „488 GTB Spider“ да биде за 25 килограми полесен во споредба со традиционалниот автомобил со мек покрив. Во исто време, новиот покрив обезбедува максимална заштита од надворешни звуци и против каприците на времето.

spajderka f2

Освен тоа конструкцијата на возилото е за 23% поотпорна на торзија во споредба со онаа на претходниот „спајдер“ кој ја носеше ознаката „458“. Соборувањето и поставувањето на покривот му одзема на возачот на автомобилот само 14 секунди.

spajderka f2

Погонскиот агрегат на отворената верзија останува ист како кај основниот модел. Тоа е 3,9-литарски V8 со турбо кој развива 670 КС и 760 Nm вртежен момент. Благодарение на овие показатели „488 Spider“ е најмоќниот кабриолет во историјата на „Ferrari“, а тој забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,0 секунди.

Датумот на почетокот на продажбата, како и цените на овој модел не беа објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП