24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSuzuki ги откупи своите акции од Volkswagen за 3,8 милијарди долари

Suzuki ги откупи своите акции од Volkswagen за 3,8 милијарди долари

volkswagen-va-suzuki-ket-thuc-mot-cuoc-tinh

Јапонската автомобилска компанија „Suzuki“ реоткупи речиси 20% од акциите – удел, кој беше во сопственост од германскиот производител на автомобили „Volkswagen“ за 460 милијарди јени (3,8 милијарди долари).

„Suzuki“ откупи речиси 120.000.000 акции по цена од 3.842.50 јени, што практично стави крај на партнерството меѓу автопроизводителите.

Односите меѓу двете компании се влошија неколку месеци откако беше формирано партнерство помеѓу нив во 2009-та година.

Минатиот месец меѓународниот арбитражен суд му нареди на „Volkswagen“ да го продаде своето учество во „Suziki“.

Партнерството со кое „Volkswagen“ го претвори во најголемиот акционер на „Suzuki“, вклучуваше соработка во областа на технологијата и експанзија на пазарите во развој како Индија, каде „Suzuki“ имаше водечка позиција.

„Suzuki“ поднесе барање за арбитража во ноември 2011-та година, откако партнерството пропадна.

Компаниите се беа согласиле да работат заедно за повеќе енергетски ефикасни автомобили, но „Suzuki“ го обвини „Volkswagen“ во прикривање на информации, кои би требало да бидат споделени меѓу двете компании.

„Volkswagen“ во меѓувреме се спротивстави на зделката на „Suzuki“ за купување на дизел мотори од италијанскиот производител на автомобили „Fiat“.

Од „Suzuki“ изјавија дека овој чекор нема да ги смени прогнозите за добивка за оваа година.

Акциите на четвртиот по големина производител на автомобили во Јапонија се зголемија за речиси 5% во Токио по објавувањето на договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП