30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтанови во Скај Сити со 10 отсто учество и почнувајќи од 799...

Станови во Скај Сити со 10 отсто учество и почнувајќи од 799 евра за метар квадратен

aah

Ексклузивните станови во Џеваир Скај Сити достапни се по цена што почнува од 799 евра и со учество од 10 отсто. Во оваа цена што е за лимитиран број на станови и по овие услови, секој што купува стан добива целосно опремена кујна и бања.

Привршува изградбата на четвртата висококатница, а при крај се подготовките за почеток на изградбата на трговскиот центар што ќе биде во склоп на комплексот. Целиот комплекс ќе биде пуштен во употреба во септември следната година.

„Имаме низа поволности за секој што е заинтересиран за купување на станови во Џеваир Скај Сити. Со цени што почнуваат од 799 евра, со просечна цена на становите од 1100 евра во зависност од тоа на кој кат се наоѓаат, добивате и 24часовно обезбедување, систем за вентилација, ладење и греење, пристап до сите содржини на комплексот: базени, спа центар, фитнес и сквош терени. Секако тука е и директниот пристап до трговскиот центар. Ова е единствена можност околу својата зграда секој станар да има сè што му е потребно без притоа да излегува од комплексот”, изјави Влатко Богоевски од агенцијата за недвижности Фортон, одговорна за продажба на станови во Џеваир Скај Сити.

aah

Покрај депозитот од 10 отсто доволен да се купи стан во Џеваир Скај Сити, компанијата има склучено договор со неколку банки кои нудат услови за кредитирање со поволни каматни стапки.

Висококатниците на Скај Сити добија и уверение од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија за квалитет на градба што ги задоволува највисоките стандарди во градба во Македонија.

„Би сакале да истакнеме дека кај нас секој купувач добива врвен квалитет. Како компанија имаме вакви проекти и искуство во нивно спроведување. Стандардите при изградба што ги применуваме како групација, се на највисоко ниво што е потврдено и од Институтот за сеизмологија во земјава. Кога некој кај нас купува стан, добива плус на квалитетот на живот затоа што сè што му е потребно е тука околу него. Кога купувате стан во Џеваир Скај Сити всушност добивате многу повеќе од обичен стан. Добивате пред се сигурност дека градбата е со врвен квалитет, со најдобри услови за живот и секако кај нас станот е со опремена кујна и бања и систем за комуникација во рамките на комплексот што нуди неограничени можности за секој станар”, изјави Есер Џеваир, генерален менаџер на Џеваир во Македонија.

aai

Во моментов се привршува градбата на карабината на четвртата висококатница, а се почнуваат подготовките за почеток на градба на трговскиот центар сместен на 60.000 метри квадратни. Трговскиот центар ќе биде завршен во првата половина на 2017 година каде ќе бидат сместени 70 продавници со светски брендови, супермаркети, а во него ќе има и канцелариски простор. Целиот комплекс има паркинг простор за станарите, како и дополнителен паркинг простор наменет за трговско – бизнис центарот.

aaa

aab

aaf

aag

aac

aai

aad

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП